Избран нов претседател на Парламентот во Ирак

Салим ал Џубури

Ирачките законодавци избраа нов спикер на Парламентот, што претставува прв чекор во формирањето на нова Влада. Сунитскиот законодавец Салим ал Џубури бил избран со 194 гласови за, во Парламентот кој брои 328 пратенички места. Според неформланиот договор помеѓу заедниците, спикерското место им припаѓа на сунитите, претедателското на курдите, а премиерското на шиитите.