Јункер избран за нов претседател на Европската Комисија

Жан Клод Јункер

Европскиот Парламент денеска го избра Жан Клод Јункер за нов претседател на Европската Комисија. Поранешниот премиер на Луксембург беше номиниран на самитот на ЕУ минатиот месец и покрај цврстото противење од Британија и Унгарија. Номинацијата на Јункер беше поддржана од двете најголеми фракции во Парламентот, од неговата Европската народна партија и од социјал демократите.