Технички проблем причина за несреќата во Москва

Спасувањето на повредените патници по несреќата во московското метро

Најмалку 19 лица загинаа, а над 100 се повредени, од кои повеќето се во сериозна состојба кога воз во метрото во Москва нагло закочил во време на утринскиот сообраќаен метеж. Министерството за вонредна состојба соопшти дека прекинот на струјата го активирал алармот, кој предизвикал возот нагло да застане. Возачот на возот е меѓу загинатите. Околу 200 лица биле евакуирани со хеликоптери, а еден од патниците се уште е заробен во возот. Руските власти соопштија дека не се работи за терористички напад, туку дека најверојатно технички проблем е причината.