Шулц: Балканот има потреба од помош и финансирање од ЕУ по поплавите

Прекуграничната солидарност преку спасувачки операции и хуманитарна помош по поплавите во мај во БиХ, Србија и Хрватска, треба да биде помогната и со помош и финансирање од ЕУ, изјави претседателот на ЕП Мартин Шулц на отворањето на втората јулска сесија на Парламентот во Стразбур.

- Многу животи беа изгубени во поплавите, кои разурнаа речиси цел кварт во бугарскиот град Варна и доведоа до евакуирање на 150.000 лица во Хрватска. За обнова на земјоделството и локалната економија ќе бидат неопходни уште многу години, додаде Шулц.

Шулц наведе и дека напорите на Балканот во надминување на последиците од пролетните поплави, биле усложнети и од неексплодираните мини на Балканот