Лидерите на регионот и Ангела Меркел денеска во Дубровник

Во Дубровник денеска почнува годишниот состанок на процесот Брдо- Брони на кој се собираат претседатели на државите од Југоисточна Европа, претставници од сите земји од поранешна Југославија,како и Албанија ,а почесна гостинка ќе биде германската канцеларка Ангела Меркел.

На состанок на лидерите од „Брдо-Бриони процесот ќе учествува Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ нагласи дека состанокот на претседателите од државите од регионот со германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник е целосна афирмација на регионалната политика.