Почнува самитот на замјите од групата БРИКС

Во Бразил денеска почнува три- дневен самит на земјите од групата БРИКС- Бразил,Русија,Индија,Кина и Јужна Африка.Лидерите на овие земји ќе се сретнат во североисточниот град Форталеза. Во пресрет на самитот, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака новите сили да имаат поголема улога во светските работи и да се спротивстават на влијанието на САД. Путин, исто така, рече дека ќе ги притисне лидерите на БРИКС да се согласат да преземат мерки за спречување на санкциите од САД против земјите кои се противат на нејзините политики. Се очекува лидерите на БРИКС да се воздржат од критикување на акциите на Путин во Украина.