Продолжуваат нападите помеѓу Израел и Газа

Израелски воздушен напад врз Газа

Продолжуваат граничните напади помеѓу Израел и Газа и покрај повиците од ЕУ и ОН за прекин на огнот. Палестинските власти соопштија дека бројката на жртви за време на израелските воздушни напади во изминатите седум дена се искачила на 173, а најголем дел од нив се цивили.

Најмалку 17 илјади Палестинци наводно ги напуштиле своите домови. Во палестинските ракетни напади до сега не загинал ниту еден жител на Израел, но има повредени.