Грузискиот претседател во посета на Франција

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили е во посета на Париз на покана на францускиот претседател Франсоа Оланд. Грузиските власти соопштија дека Маргвелашвили ќе присуствува на настаните посветени на сеќавањето на жртвите од Првата Светска Војна и на парадата за одбележување на Денот на Бастиља на Елисејските полиња на кој ќе присуствуваат и други странски лидери. За време на посетата тој ќе се сретне и со претставници на грзиската дијаспора во Франција.