Нема пробив во разговорите за нуклеарната програма на Иран

Нема пробив во разговорите меѓу светските сили и Иран за нуклеарната програма, една седмица пред крајниот клучен рок за договор. Американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на Британија, Франција и Германија пристигнаа во Виена на 13 јули во обид да го убедат Иран да направи клучни концесии. Но, европските министри доцна вчера соопштија дека нема пробив, иако Кери останува на идни дискусии со неговиот ирански колега кои се очекуваат да продолжат денеска.
Британскиот министер Вилијам Хејг рече дека нема одлучувачки напредок и дека остануваат големите разлики за клучното прашање за збогатувањето на ураниум.