Јахјага: Косово нема да биде транзитен пат за радикалните групи

Косовската претседателка Атифете Јахјага и помошникот на американскиот државен секретар Викторија Нуланд на денешната средба во Приштина го истакнале значењето на поддршката на Соединетите Држави за Косово и се заложиле за „широка евроатлантска интеграција“, соопшти кабинетот на Јахјага. Говорејќи за безбедноста на Косово, Јахјага истакнала дека проблем се радикалните групи на Косово и во регионот и додала дека Косово е подготвено со конструктивни законски мерки да ги елиминира заканите по безбедноста на граѓаните. Нуланд пак, ја повторила поддршката на Соединетите Држави за Косово и го поддржала правецот на широки евро-атлантски интеграции. Таа го истакнала значењето на дијалогот Косово-Србија и спроведувањето на договорот за нормализација постигнат на 19 април минатата година.