Времето топло, ама нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне ќе има умерена облачност и услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југозападен ветер. Утринската температура се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.