Несекојдневна кампања во Јапонија

Активистите за граѓански права покренаа кампања целиот јапонски народ да биде кандидат за овогодинешната Нобелова награда за мир, со образложение дека Јапонија не војувала цели 70 години. Организаторите на кампањата кои за само еден ден собраа 150 илјади потписи, оценуваат дека јапонскиот народ би можел да биде кандидат за престижната награда.

-Иако шансите се минимални, пораката е важна, изјави иницијаторот на кампањата, 37 годишниот Наоко Такаса. Лауреатите на Нобеловата награда за мир ќе бидат познати во октомври.