Десет мрви во бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 10 луѓе загинале во експлозија на бомби покрај пат во Авганистан, јавуваат официјални лица. Најсмртоносниот напад на 12 јули се случил во јужниот дел на Кандахар провинција, каде што осум цивили биле убиени кога експлозија на бомба го разнела нивното возило. Две лица загинале во сличен инцидент во источниот дел на провинција Нангахар.Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите, но Талибанците ги интензивираа своите напади откако странски војници се подготвуваат да се повлечат од земјата до крајот на годината. Обединетите нации соопштија дека оваа недела бројот на цивилни жртви пораснал за речиси 17 отсто во првата половина на 2014 година, во споредба со истиот период од 2013 година.