Нова рунда нуклеарни разговори во Виена

Високи официјални претставници од Соединетите Држави, Германија и Велика Британија викендов во Виена ќе се приклучат на тековните нуклеарна разговори со Иран. Државниот секретар на САД, Џон Кери ќе пристигне во австрискиот главен град заедно со британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг и германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Учество во разговорите не е предвидено да има рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Шесте светски сили и Иран се соочуваат со крајниот рок од 20 јули за завршување на договорот, чија цел е запирање на Техеран од производство на оружје со збогатен ураниум. Главна пречка е збогатувањето ураниум, процес кој може да произведе нуклеарно гориво, но исто така и материјал за нуклеарна бомба.Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Камнеи, неделава навести дека Техеран има намера во голема мера да ги зголеми своите капацитети за збогатување ураниум. Шестте сили бараат остро намалување, но сепак висок американски претставник неодамна изјави дека активностите на Иран во оваа област треба да бидат само "дел" од она што се сега.