Продолжува израелската офанзива во појасот Газа

Веќе петти ден продолжува израелската офанзива во Појасот Газа од каде јавуваат за нови загинати Палестинци. Во најновите извештаи се вели дека утрото во израелски воздушен напад загинале пет момчиња, а повредени се 15 луѓе надвор од семејниот дом во кампот за бегалци Џабалиа во северниот дел на појасот. Според палестински медицински извори, бројот на палестински жртви сега изнесува 121. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да потклекне на меѓународниот притисок да ја запре операцијата во Газа, ветувајќи дека Израел ќе продолжи со својата офанзива се додека палестинските милитанти не запрат со фрлањето ракети од Газа. Палестинскиот претседател Махмуд Абас го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да нареди итно примирје. Комесарот за човекови права на ОН Нави Пилај изрази сериозни сомневања околу законитоста на израелската воена офанзива против Газа и ги повика двете страни да престанат со борбите.