Полицијата спремна за петочните протести

Протести за случајот „Монструм“. 04.07.2014

Големо полициско присуство се забележува кај комплексот судови во Скопје и кај трговскиот центар Мавровка во очекување на протестите за случајот Монструм. Продавниците на Бит пазар се затворени. Во меѓувреме неколку стотини Албанци се собираа пред џамијата Јаја Паша. Тие скандираат„Учк“, „Учк“. Поворката се уште не се упатила кон Бит Пазар. Покрај протестите, преку социјалните мрежи се најавуваат и контра-протести на Македонците пред Владата на Македонија. Но засега таму има само полиција.

На смиреност и воздржаност од насилство повикуваат домашните политичари и претставниците на меѓународната заедница во земјава. Амбасадата на САД, од ЕУ и од канцеларијата на ОБСЕ повикаа на мирни протести и воздржување од насилство. Минатотнеделните протести ескалираа пред судот по што полицијата се судри со демонстрантите.