Штајнмаер ќе разговара со Кери за наводите за шпионажа

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека со американскиот државен секретар Џон Кери за време на нуклеарните преговори во Виена ќе разговара за наводите за шпионажа. Според него, односите помеѓу САД и Германија мора да се изградат на доверба и на меѓусебна почит и треба да се базираат на искреност.

Тоа ќе биде пораката, како што наведе Штајнмаер, која ќе му ја пренесе на Кери кога ќе се сретнат. Според него, одлуката да биде протеран шефот на ЦИА во Берлин била неизбежна поради наводите за шпионажа на Германија.