Јолевски ги продолжи средбите со американски конгресмени

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера во Вашингтон имаше разговори конгресмените Бил Паскрел, Франк Вулф, Елиот Енгел, Тед По во насока на проширување на поддршката на САД кон Македонија.

На средбите конгресмените искажаа искрена поддршка на Република Македонија во остварување на евроатлантската интеграција и се заблагодарија за македонскиот придонесот во воспоставување на мирот, безбедноста и демократските вредности во Авганистан се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.