Кери во Кабул - моментот е критичен

Кери со Гани

Американскиот државен секретар Џон Кери кој престојува во Кабул во обид да ги намали тензиите по спорните претседателски избори, кои предизвикаа страв од насилства и етнички немири изјави дека моментот е критичен и дека се надева дека решение е можно.

Портпаролот на Стејт депарментот Џеф Ратке изјави дека Кери ќе се сретне со претседателските кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани, како и со претседателот во заминување Хамид Карзаи.

Според Независната изборна комисија на вториот круг победи Гани со 56,44 насто од гласовите.. Абдула, кој победи во првиот круг од изборите, ги отфрли прелиминарните резултати. Конечните резултати треба да се објават на 22 јули.