Израелска кампања врз Газа - 4 ден

Израел денеска четврти ден по ред ја продолжи воената кампања од воздух и море врз Газа, од каде милитантите на Хамас ја ракетираат еврејската држава.При денешните напади загинале 5 палестинци во Рафах.

Досега загинаа најмалку 82 Палестинци, повеќето од нив цивили. Две ракети истрелани од Либан пак денеска го погодија северниот дел на Израел по што израелската војска го возврати ударот со артилериски оган.

Американскиот претседател Барак Обама, пак, повика на воздржаност и изјави дека САД се подготвени да помогнат да се преговара за прекин на огнот.