Џон Френсис Тефт нов американски амбасадор во Русија

Американскиот претседател Барак Обама го назначи дипломатот од кариера Џон Френсис Тефт за американски амбасадор во Русија. Наименувањето на новиот амбасадор доаѓа во време на зголемена напнатост меѓу САД и Русија во врска со акциите на Русија во Украина.

Тефт беше американски амбасадор во Украина во првиот мандат на Обама. Пред тоа, тој беше американски амбасадор во Грузија за време на администрацијата на Џорџ Буш.

На 9 јули, Москва соопшти дека се согласила на кандидатурата на Тефт за нов американски амбасадор во Русија.

Доколку Тефт да добие потврдата од американскиот Сенат, тој ќе го наследи Мајкл Мек Фаул, кој поднесе оставка на функцијата во февруари, по само две години на тоа место.