Вашингтон подготвен да посредува меѓу Израел и Хамас

Вашингтон е подготвен да преговара за прекин на огнот меѓу Израел и движењето Хамас, му пренел американскиот претседател Барак Обама на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Обама зборуваше со Нетанјаху во време кога Израел ја засили воздушната офанзива во појасот Газа, во обид да се спречат ракетните напади насочени кон Израел.

Белата куќа соопшти дека Обама ги осудил ракетните напади и изјави дека Израел има право на самоодбрана. Но, Обама, исто така, ги повика двете страни да не дозволат кризата да ескалира кризата и да работат на повраток на мирот.

Претходно генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун повика двете страни да се согласат на итен прекин на огнот. Повеќе од 80 Палестинци се убиени откако Израел на 7 јули започна воздушни напади во Газа како одговор на прекуграничните ракетни напади од Хамас.