Стефан де Мистура нов посредник на ОН за Сирија

Afghanistan -- Staffan de Mistura, the United Nations special representative in Afghanistan, speaks during a news conference in Kabul, 14Jul2011

Италијанско-шведскиот дипломат Стефан де Мистура е назначен за посредник на ОН за Сирија на местото на Лахдар Брахими кој си поднесе оставка во мај, откако пропаднаа двете рунди мировни разговори. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, вчера го потврди назначувањето на 67-годишниот Мистура и го повика Советот за безбедност и сириските партии тесно да соработуваат со него. Бан често го критикува анимозитетот меѓу западните земји и Русија во Советот за безбедност, поради што не може да се договори меѓународен одговор на граѓанската војна во Сирија во која од 2011 година загинаа повеќе од 160 илјади луѓе.

Де Мустура од 2007 до 2009 година беше специјален претставник на ОН во Ирак, а од 2010 до 2011 специјален претставник во Авганистан. Де Мистура, кој е роден во Шведска, е поранешен италијански заменик министер за надворешни работи, а за ОН работи повеќе од три децении и има долгогодишно искуство во конфликтните подрачја.