ОН бараат да се спречи ескалација на насилството во Газа

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ја повика меѓународната заедница да направи се што е во нејзина моќ за да ја запре ескалацијата на насилството помеѓу израелските и палестинските милитанти во Појасот Газа. Говорејќи на итен состанок во Советот за безбедност на ОН, тој ги повика двете страни да се сложат на итен прекин на огнот. Воедно, тој ги осуди милитантите кои истрелаа ракети врз Израел, но исто така го предупреди Израел за прекумерната употреба на сила и загрозување на животот на цивили.