Германија го протера шефот на ЦИА во земјата

Германските власти му наредиле на шефот на американската разузнавачка служба во Берлин да ја напушти земјата, поради шпионажа. Според соопштението, одлуката била донесена откако од германската полиција бил уапсен еден маж во изминатите десет дена, по што започнала истрага против друго лице, поради сомнежите дека двајцата работеле за странски тајни служби. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека довербата помеѓу Германија и САД е особено важна.