Попоски на Форум за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска учествува на традиционалниот хрватски форум, кој се одржува во Дубровник. На Форумот, кој ќе трае до 12 јуни предвидено е учество на политички претставници на ЕУ, министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот, како и високи претставници на САД, Русија, Кина и Јапонија.

Овогодинешната конференција ќе биде посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Попоски, како што е предвидено, ќе има обраќање на вториот панел на Форумот на тема „Иднината на проширувањето на Европската унија“.