Русија се противи на проширувањето на санкциите

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека проширувањето на санкциите на ЕУ поради украинската криза ќе биде непријателски потег, кој ќе се одрази врз билатералните односи помеѓу Москва и Брисел. Европските дипломати денеска соопштија дека ќе бидат додадени 11 имиња на листата на луѓе кои ќе им биде замрзнат имотот и ќе им биде забрането движење во ЕУ. Новите санкции се однесуваат на сепаратистичките лидери во источна Украина.