САД загрижени за изборниот процес во Авганистан

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон е сериозно загрижен за враќање на кредибилитетот на изборниот процес во Авганистан. За време на посетата на Пекинг, тој им порача на двајцата кандидати за претседател на Авганистан да покажат лидерство во овие критични моменти. Според него, САД се надеваат оти во наредните денови ќе се пронајде начин за постигнување напредок и дека претседателските кандидати не треба да ги зголемуваат очекувањата на нивните гласачи.