Путин ја започна турнејата низ Латинска Америка

Рускиот претседател Влдимир Путин

Рускиот претседател Влдимир Путин ја започна шестдневната турнеја на Латинска Америка со посета на Хавана, каде разговараше со кубанските лидери, меѓу кои и поранешниот претседател Фидел Кастро. Путин ќе ја посети и Аргентина, а помеѓу 13 и 16 јули ќе престојува во Бразил каде ќе учествува на Самитот на земјите членки на БРИКС. Тој најверојатно ќе разговара и со германската канцеларка Ангела Меркел со која ќе се сретне на финалето на Светското фудбалско првенство во Рио де Женеиро.