Во семејна расправија во Тексас, шестмина убиени

Во Хјустон, Тексас, како што соопшти полицијата, едно лице пукало во семејна расправија при што убило четири свои деца, како и двајца возрасни. Во критична состојба била неговата 15 годишна ќерка. Соопштено е дека таа и покрај повредите успеала да ја повика полицијата и да ја предупреди дека тој планирал да оди кај незините дедо и баба за да ги убие. Осомничениот, според наводите, по неколку часа и се предал на полицијата.