Сноуден бара продолжување на престојот во Русија

Едвард Сноуден

Адвокатот на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден соопшти дека неговиот клиент официјално побарал од руските власти да му го продолжат престојот во земјата. Дозволата за привремениот престој на Сноуден му истекува на 31 јули. Но, неговиот адвокат Анатоли Кучерена одби да коментира врз која основа Сноуден побарал продолжување на престојот.