Обама номинираше нов амбасадор на САД во Македонија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го номинираше Џес Л. Бејли за амбасадор на земјата во Македонија. Бејли е дипломат од кариера во Стејт департментот, а во Скопје доаѓа од позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Турција, функција која ја извршувал од 2011 година.

Во богатата биографија на Бејли се наведува дека бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа во Стејт департментот, како и директор на Канцеларијата за политички прашања со ОН. Тој доаѓа на местото на актуелниот амбасадор Пол Волерс, кој функцијата ја извршува од 2011 година.