Протести во Куманово против пресудата за Монструм

Протестите во Скопје против пресудата во случајот Монструм

Неколку стотици претежно млади лица мирно протестираа во Куманово против судската одлука за случајот Монструм. Учесниците носеа албански знамиња и извикуваа ,„Стоп за монтираните процеси“, „УЧК“, „Голема Албанија“, и „Илирида“. Тие побараа поддршка од меѓународниот фактор за пресудата и истакнаа дека се солидаризираат со обвинетите и останатите учесници во протестите против случајот.