Јанкулоска со осуда за палењето на македонското знаме

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска најостро го осуди чинот на палењето на македонското знаме на протестите што вчера се одржаа во Приштина. Таа изрази очекување дека властите ќе ги преземат соодветните мерки за расчистување на случајот, при што сторителите ќе бидат соодветно санкционирани.

Во однос на најавените протести кон крајот на неделата, Јанкулоска ги повика лицата кои ќе учествуваат и што имаат намера да се приклучат на протестите, тоа да го прават мирно.