Ставрески-Буџетот во 2013 реализиран според планираното

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави денеска дека буџетот во минатата година се реализирал според планираното. Расходите се реализирани со 159.505 милиони денари, приходите со 140.248 милиони денари и дефицитот е во рамки на планираното од 19.257 милиони денари.

Според него, македонската економија оствари раст од 2,9 проценти што е над проекцијата од 2 проценти. Ставрески истакна дека во периодот на криза не било секогаш лесно да се реализираат зацртаните политики, но оти Владата одговорила на најдобар начин без дополнително да го оптовари стопанството и со навремена исплата на обврските. Ставрески додава дека завршната сметка покажува дека е избран вистинскиот начин на кој требало да се справуваме со предизвиците.