Најмалку 35 жртви во офанзивата на Израел врз Појасот Газа

Израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Палестинските власти соопштија дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 35 лица во последните 24 часа. Израел започна офанзива врз Појасот Газа како одговор на ракетните напади од палестинските милитанти. Израелските власти соопштија дека воените авиони спровеле напади врз 430 цели откако започна офанзивата.