Германија го прегази Бразил

Незапирлива Германија го порази Бразил со 7-1 во првиот полуфинален меч на Светското првенство во Бело Хоризонте. Германците постигна пет гола во рок од 18 минути, а со тоа голема предност пред Бразил уште во првото полувреме. Во втората половина, во рок од 10 минути постигнаа ушпте два гола, со што имаа предност од 7-0. Оскар постигна гол за Бразил во 90 минута. Во второто полуфинале, во Сао Паоло, Аргентина и Холандија ќе се натпреваруваат за место во финалето кое ќе се одржи на 13 јули.