Индонезијците гласаат за нов претседател

Околу 190 милиони Индонезијци гласаат за избор на нов претседател на земјата. Гласачите ќе избираат помеѓу Јоко Видодо, гувернерот на главниот град Џакарта и Прабојо Субијанто, поранешен генерал. Видодо се смета за најпопуларен политичар во Индонезија и е поомилен во јавноста. Анкетите за јавното мислење, сепак, тврдат дека трката ќе биде тешка. Претседателот во заминување Сусило Бамбанг Јудхојоно не може да оствари уште еден мандат бидејќи Уставот дозволува само два мандати. Аналитичарите велат дека неопределените гласачи ќе имаат значително влијание врз резултатите. Околу една петтина од населението спаѓа во оваа категорија според анкетите спроведени минатиот месец.