Обама бара истрага за наводите за изборна измама во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама му порача на авганистански претседателски кандидат во водство, Ашраф Гани дека Соединетите Држави очекуваат наводите за изборна измама во Авганистан да бидат темелно истражени. Белата куќа соопшти дека Обама му се јавил на Гани еден ден откако Обама го повикал противникот на Гани, Абдула Абдула, да не прогласува победа додека изборниот процес трае. Прелиминарните резултати покажуваат дека Гани води со околу 1 милион гласови. Но, според Абдула се работи за голема измама. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Обама ги повикал двајцата кандидати да останат смирени и да бараат резолуција со која нема да се поткопува национално единство. Претседателот предупредил дека доколку се користат "насилни или неуставни средства“, САД ќе ја прекинат помошта за Авганистан.