Протести за поддршка на Албанците во Македонија од Тирана и Приштина

Протести во знак на подршка на Албанците во Македонија вчера беа одржани во Тирана и северниот албански град Скадар, кои беа најавени преку социјалните мрежи. „Скопје, срцето на Албанија“ „Еден народ еден сон“ се само некои од напишаните и извикувани пароли.На протестот одржан во Приштина пак против „насилството врз Албанците во Македонија“ пред Македонската амбасада запалено е македонското знаме. Протестот почнал од плоштадот Скендербег, па продолжил до амбасадата на Република Македонија со носење и извикување пароли „Скопје на Албанците“, „Али предавник“ „ Скопје, Приштина не те остава само.Од протестот бил упатен апел до Косово и до Албанија да го запрат „шовинистичкото насилство врз Албанците во Македонија“. Побарале, исто така, да не се екстрадираат осудените во „Монструм“ зашто судскиот процес бил политички монтиран.