ГРОМ на Стевчо Јакимовски влегува во Владата

Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ - Граѓанска опција за Македонија.

Партијата на градоначалникот на општина Карпош, Ствечо Јакимовски станува дел од Владата. Името на Љупчо Пренџов, кој е член на извршиот одбор и еден од основачите на ГРОМ се најде на листата на предлогот за заменици министри, кој до Собранието го достави премиерот Никола Груевски.

Покрај Пренџов, меѓу замениците има 5 нови имиња. Драгана Кипријановска од Демократски сојуз на Павле Трајанов е предложена за заменик министер за надворешни работи на местото на Зоран Петров. Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски е предложен за заменик во истиот ресор. Во министерството за одбрана ќе се најде пратеникот на ДУИ Арбен Лабеништа, а во министерството за транспорт и врски како заменик предложена е Ниметула Халими. Ванчо Костадиновски е последното ново име во листата на заменици.