Инцко-време да заживее визијата за БиХ

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко изјави денеска дека иако во земјата често пати нема политички консензус, меѓународната заедница им помага на граѓаните. Тој порача дека неговата Канцеларија е подготвена да преземе активна улога за државата да тргне напред и да заживее визијата која ја имале за БиХ.

Според него, БиХ не е техничка вежба, туку политички предизвик. Тој по средбата со португалскиот државен секретар за европски работи Бруно Масаеш во Сараево изјави дека мора двојно да се зголемат напорите и тоа мора брзо да се направи.