Ахмети на средба со Орав за протестите и пресудата за Монструм

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и евроамбасадорот Аиво Орав на денешната средба разговарале околу ситуацијата воземјата по пресудата за случајот „Монструм“. Според соопштението од ДУИ, Орав нагласил дека Брисел заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со случајот. Ахмети, како што се наведува, повторно ја нагласил потребата за мирна манифестација на незадоволството за да не се комплицира и отежнува уште повеќе случајот. Тој нагласил дека очекува од Апелацискиот суд да ги земе предвид сите општествени сомнежи во врска со развивањето на судењето во случајот „Монструм“ и дека ќе одлучи праведно.