Вучиќ на средба со Путин

Српскиот премиер Александар Вучиќ со рускиот премиер Дмитри Медведев.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој е во посета на Москва денеска ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ соопшти дека во фокусот на разговорите ќе биде соработката во енегетскиот сектор. Вучиќ вчера по средбата со рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека Србија сака да стане дел од ЕУ, но дека не сака да ги нарушува односите со Русија.