Ирачкиот Парламент ќе се состане на 13 јули

Членови на новиот ирачки Парламент

Ирачкиот Парламент се согласил да се состане наредната недела за да работи на формирање нова влада. Според извештаите, законодавците ќе се сртнат на 13 јули, наместо 12 август, како што вчера беше најавено. Парламентот на наредната седница ќе треба да ги пополни места за трите водечки функции во земјата, кои се поделени помеѓу, шиитската, сунитската и курдската заедница.