Над 810 милиони евра штета од поплавите во Србија

Поплавите во Србија

Директната штета од поплавите кои неодамна ја погодија Србија изнесува околу 810 милиони евра, според извештајот за проценката на штетата од поплавите кој го усвои владата. Извештајот, во кој увид имал Танјуг, покажува дека вкупната штета и губитоците од оваа природна катастрофа изнесуваат 1,53 милијарди евра. Потпретседателот на владата, Зорана Михајловиќ вели дека извештајот ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел и оти тоа ќе биде можност сите заинтересирани да помогнат.