Во Авганистан убиени четворица чешки војници

Четворица чешки војници загинале, а еден бил ранет во напад на бомбаш самоубиец кај базата Баграм во Авганистан, соопшти Гернерлштабот на чешката армија во Прага. Војниците кои биле задолжени за обезбедување на базата кај главниот град Кабул, биле нападнати кога дошле на местото од каде што талибанците пред два дена истрелале ракета врз базата. Бомбата експлодирала кога чешката патрола излегла од оклопните возила во близина на едно село. Во Авганистан е соопштено дека во тој напад загинале 16 луѓе, четворица странски војници, двајца полицајци и десет цивили. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.