МНР-Ослободен македонскиот работник во Либија

Министерството за надворешни работи соопшти денеска дека македонскиот државјанин ко работел во Либија, Милјазин Гафури од Ново Село е ослободен и се наоѓа во Италијанската амбасада во Триполи. Гафури и негови двајца колеги од фирмата во која што работат се водеа како исчезнати од завчера наутро. Министерството за надворешни работи се заблагодарува на одличната соработка на италијанските, либијските и босанските власти.