Алмата, Пекинг и Осло во трката за зимските олимписки игри

Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека зимските олимписки игри во 2022 година ќе се одржат во Алмата, Пекинг или Осло. Трите града влегоа во финалето откако другите кандидати се повлекоа. Осло исто така е под знак прашалник, бидејќи градот се уште не добил одобрение од владата. Алмата, Пекин и Осло имаат рок до јануари во наредната година да дадат детален опис на нивната кандидатура. Градот домаќин ќе биде избран во Куала Лумпур на 31 јули 2015 година.