Почина Едуард Шевернадзе

Поренешниот грузиски претседател Едуард Шевернадзе почина денеска на 86 години во Тбилиси.Шеварднаѕе се појави на светската сцена во 1985 година, кога советскиот лидер Михаил Горбачов го именуваше за министер за за надворешни работи.

Во негово време се затоплија односите со Западот што доведе до крај на Студената војна. Тој одигра клучна улога во одлуката на Москва да не ги потисне на демократските востанија низ Источна Европа во земјите кои беа сателити на Советскиот Сојуз.

Шеварднаѕе потоа стана претседател на Грузија во 1992 година а оставка поднесе за време на Револуцијата на розите во 2003 година.